SportM
Фудбал

Ова се најплатените фудбалери во Европа: Меси е далеку пред сите други

Д М19 мар 2021
Ова се најплатените фудбалери во Европа: Меси е далеку пред сите други

Угледниот француски весник Л’Екип објави список на најплатени играчи во најдобрите лиги во Европа.

Лионел Меси е убедливо прв на листата на пет најплатени со нереална плата од 126 милиони евра годишно.

Секако треба да се истакне дека ова се бројки пред оданочување и дека износот на данокот варира од земја до земја, па да речеме Меси зема 71 милион евра по оданочување, Роналдо 31 милион, а Нејмар 28 милиони.

Вака изгледа списокот на плати пред оданочување:

1. Лионел Меси (Барселона) – 126 милиони евра
2. Кристијано Роналдо (Јувентус) – 54,36 милиони евра
3. Нејмар ( ПСЖ ) – 36,7 милиони евра
4. Антоан Гризман (Барселона) – 34,8 милиони евра
5. Луис Суарез (Атлетико Мадрид) – 34,8 милиони евра.

Секако е интересно што платата на Луис Суарез е сè уште толку висока затоа што Барселона сепак му исплаќа одреден дел од платата, додека Атлетико му исплаќа нето од околу седум милиони евра годишно.

Бројките кои кружат во фудбалот се неверојатни веќе подолго време, и ова е само уште еден доказ за тоа колку заработуваат врвните фудбалери.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.