Ова се причините поради кои Баерн му кажа „НЕ“ на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо во претходните денови се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен.
Бројни европски медиуми објавија дека Роналдо му бил понуден на Баерн како замена за Левандовски, но раководството на баварскиот гигант решило да не го доведе 37-годишниот Португалец.
Скај Спорт донесе листа на причини зошто челниците на германскиот шампион гласаа против доведување на еден од најдобрите на сите времиња. Овие причини се:
– Одржување здрава структура во платите на фудбалерите (Роналдо заработува 30 милиони евра нето)
– Возраст на Кристијано Роналдо (37)
– Клубот сака играчи кои играат пресинг и кои се подготвени да трчаат
– Младинскиот тренер Нагелсман и здрави односи во рамките на соблекувална
Дека Роналдо нема да дојде најави и Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.
„Кристијано Роналдо е врвен играч со одлична кариера. Сепак, шпекулациите кои се појавија не се точни“, изјави Салихамиџиќ за Скај.
Кристијано ова лето нема да го носи дресот на Баерн. Тој засега е сè уште под договор со Манчестер Јунајтед, но се погласни се шпекулациите дека ЦР сака да го напушти „Олд Трафорд“.
Баерн, пак, веќе заврши три феноменални трансфери. Пристигнаа Садио Мане од Ливерпул и Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенберч од Ајакс.



