Озил е незадоволен во Фенербахче
Д М10 сеп 2021

За Озил нема утеха ниту во Турција.
Поранешната sвезда на Арсенал и Реал Мадрид, Месут Озил не е задоволен во Фенербахче.
Според „Диарио АС“, 32-годишникот повеќе не сака да остане во Истанбул.
Озил се приклучи на турскиот клуб на тригодишен договор во јануари, откако го раскина договорот со Арсенал, но откако се пресели во клубот не можеше да дојде во добра форма и да ги промени работите за тимот од стадионот Шкру Саракоглу.
Озил е отворен за заминување од Фенербахче кога ќе се отвори рокот за трансфер во јануари и се објавува дека неколку клубови од МЛС и Катар се заинтересирани за него.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



