SportM
Фудбал

Озил не ја знае иднината, но сака да остане во Арсенал

Д М10 фев 2020
Озил не ја знае иднината, но сака да остане во Арсенал

Озил беше прашан за неговото присуство на стадионот „Емирати“, а тој изрази среќа со враќањето на Микел Артета

Месут Озил очекува да го заврши договорот во Арсенал, но призна дека не ја знае својата иднина, бидејќи тој честопати во минатото беше во центарот на гласините за заминување.

Тој има договор со Топџиите до летото 2021 година.

„Имам уште една година по оваа сезона, па после тоа ќе знам затоа што не ја предвидувам иднината“, рече Озил.

„Она што сакам да го сторам е да дадам сè за овој тим, за самите нас, да биде успешен, но да видиме што ќе се случи“.

„Она што го знам е дека ќе направам се за овој клуб, за моите соиграчи“.

„Имавме тешка сезона, но сакаме повторно да победиме, да добиеме бодови, можеби дури и да бидеме во првите 4 на крајот на сезоната“.

„Нашата цел е да бидеме во ЛШ. Оваа година имавме тешки ситуации, но мислам дека бевме добри на некој начин “.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.