Озил: Зошто заминав од Реал? Поради тренерот

Месут Озил веќе пет години ги брани боите на Арсенал. Озил, со многу успеси, три години го носеше „кралскиот“ дрес, а потоа во 2013 година одлучи да замине, но и клубот одлучи дека повеќе не им е потребен.
За Арсенал одигра 208 натпревари од 2013, постигна 41 гол и 72 асистенции, а сега одлучи да открие зошто го напушти Реал и одлучи да оди во редовите на лондонскиот гигант.
„Бев во Реал Мадрид, но подоцна сфатил дека тогашниот тренер Карло Анчелоти нема доверба во мене. Јас сум играч на кој треба да му се верува, а тоа го почувствував во Арсенал. Тоа е причината зошто решив да да го напуштам Реал“, рече Озил.
Озил не крие дека беше разочаран од одлуката на Реал Мадрид да го продаде, но се чини дека доаѓањето во Арсенал беше вистинското нешто.



