Пандев и Џенова со пресврт од 2:0 до 2:3 славеа над Каљари, Торино славеше убедлива победа против Саленитана (ВИДЕО)

Со почеток од 15:00 часот се одиграа уште три натпревари од 3. коло на Серија А.
Возбудлив дуел одиграа Каљари и Џенова, домаќините имаа предност од 2:0, но на крајот Џенова успеа да дојде до победа.
Каљари го доведе во водство Жоао Педро во 16. минута по рецизно изведениот пенал, а во 56. минута Чепители го постигна вториот гол за домаќините.
Во второто полувреме Џенова покажа подобра контрола на топката па во 59. минта со голот на Дестро успеаа да намалат на 2:1.
Македонскиот репрезентативец не усепеа да постигне гол па во 60. минута го напушти теренот, а на негово место влезе Екубан.
Одличниот Фарес постигна два гола во 69. минута и 79. минута за голема победа на Џенова.
Удинезе денес славеше минимална победа на гости против Специа со голот на Самарѓиќ во 89. минута.
Торино беше убедлив против Салернитана (4:0).



