„Панцирите“ добиваат 50 милиони евра во опрема од „Адидас“
Д М10 сеп 2018

Германската фудбалска репрезентација ќе го задржи снабдувачот со спортска опрема „Адидас“ до 2026 година.
Тамошниот фудбалски сојуз објави продолжување на договорот со светски познатата компанија. Детали за новиот договор не се објавуваат, а тој е со важност до 2026 година.
Актуелниот е со важност до 2022 година.
Претходно, компанијата „Адидас“ соопшти дека ќе потроши повеќе од 50 милиони евра годишно за да ги задоволи потребите на германската репрезентација.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



