SportM
Фудбал

Парагвајците запалија кукла на Килијан Мбапе по елиминацијата од Светското првенство (ВИДЕО)

Редакција9 јул 2026
Парагвајците запалија кукла на Килијан Мбапе по елиминацијата од Светското првенство (ВИДЕО)

Страстите по натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Франција и Парагвај не стивнуваат. Француските медиуми известуваат за шокантни сцени кои синоќа ги преплавија социјалните мрежи, а во центарот на скандалот повторно е првата ѕвезда на „Триколорите“, Килијан Мбапе.

Како што пренесува францускиот TF1 Info, парагвајските навивачи го искористиле својот традиционален фестивал „Сан Хуан Ара“ за срамен чин. На улиците била запалена голема импровизирана кукла со ликот на Килијан Мбапе, што предизвика лавина осуди ширум светот.

Парагвајците очигледно не можат да ја преболат елиминацијата во осминафиналето од Франција, а Мбапе, како лидер на француската репрезентација, стана нивна главна мета.

Инцидентот со палењето на куклата не се случил без причина. Целиот скандал дополнително бил поттикнат од претходните расистички изјави на една парагвајска сенаторка на сметка на францускиот напаѓач, што ги подигнало тензиите на дипломатско ниво.

Снимките од запалената кукла на францускиот капитен брзо беа оценети како шокантни и неприфатливи, а ФИФА сега е под притисок да реагира на ваквото однесување на навивачите и официјалните претставници од Парагвај.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.