SportM
Ракомет

Парите од продадените влезници за мечот Македонија-Полска ќе биде дониран за настраданите во Кочани

Редакција6 апр 2025
Парите од продадените влезници за мечот Македонија-Полска ќе биде дониран за настраданите во Кочани

Фото: tv21m

Во Битола почна продажбата на влезници за претстојниот бараж натпревар во женска конкуренција, за пласман на Светско ракометно првенство што ќе го одиграат македонската и полската репрезентација.

Големиот спортски спектакл на сениорските женски ракометни селекции на Македонија и Полска, закажан за 12 април, ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, информираа од Општина Битола.

Ракометната федерација на Македонија ја прифати апликацијата на женскиот ракометен клуб „Пелистер“ и Општина Битола за логистичка поддршка и коорганизација на квалификацискиот бараж натпревар за светското првенство за жени што ќе се одржи во Холандија и Германија. Влезниците за дуелот со најдобрата женска селекција на Полска, чинат 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за настраданите семејства во Кочани со што битолчани уште еднаш ќе имаат можност да гледаат ракомет од светски рамки и да ја покажат својата хуманост на дело.

Последен пат меѓународен натпревар на државната ракометна репрезентација беше одигран на 25 октомври 2018 година, кога машката ракометна репрезентација во Битола ја победи Турција во квалификациите за Европско првенство.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.