Пауло Дибала би можел да го пцуе денот кога ќе му рече „НЕ“ на Јувентус

Пауло Дибала го напушти Јувентус на крајот од минатата сезона по седум години минати во клубот.
Аргентинскиот фудбалер не се согласи со понудата на Стара Дама за продолжување на соработката. Тој реши да го напушти Торино, а во изминатиот период беше поврзуван со бројни клубови.
Меѓу заинтересираните клубови беше и Интер. Се зборуваше за доаѓање на Меаца, но очигледно ништо нема да излезе од тоа.
„Дибала е играч кој беше достапен на пазарот. Тој беше и е една од можностите, но ние веќе го завршивме нашиот офанзивен дел од тимот“, изјави Бепе Марота.
Па речиси сигурно е дека 28-годишниот Аргентинец нема да потпише за Интер. Уште во Италија го поврзуваат со Милан, но сите бројки кои му се нудат не се ни блиску до оние што ги нуди Јувентус.
На крајот, одличниот фудбалер може да зажали што кажа „НЕ“ на Старата дама каде што беше главна ѕвезда и каде што играше одличен фудбал.
Во дресот на „бјанконерите“ одигра вкупно 293 натпревари и постигна 115 голови.



