Пеколен финиш на Сент Етјен за победа над Монпелје
Д М5 фев 2022

Фудбалерите на Сент Етјен со голем пресврт во финишот стигнаа до трите бода против Монпелје (3:1), во 23. коло од Лига 1.
Гостите поведоа во 11. минута. Тинејџерот Ели Вахи добро реагираше и му донесе предност на Монпеље. Гостите водеа до финишот, а потоа следеше пеколна серија на разбудениот Сент Етјен, три гола за десет минути, за конечни 3:1.
Роман Хамум прв погоди за израмнување во 82. минута. Во последните секунди од регуларниот дел прецизен беше Арно Нордин. Точка на големата победа од 3:1 стави Казри во втората минута од судиското надополнување.
Шестиот Монпеље има 34 бодови, Сент Етјен се искачи на претпоследното место со 18 бодови. Последниот Лориен собра 17.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



