SportM
Фудбал

Пеле постепено се опоравува

Д М6 дек 2022
Пеле постепено се опоравува

Легендата на бразилскиот фудбал Пеле „постепено закрепнува“, соопштија денеска неговите лекари.

Пеле (82) минатата недела беше хоспитализиран поради лекување на респираторна инфекција отежната од корона вирусот. Се очекува Пеле да ја напушти болницата откако целосно ќе закрепне од инфекцијата.

„Пеле има стабилни витални знаци, свесен е и нема нови компликации “, се вели во соопштението на болницата Алберт Ајнштајн.

Пеле, трикратниот победник на Светското првенство и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, исто така се бори со ракот и оди на хемотерапија.

Сликата на младиот Пеле кој слави голови и крева трофеи со бразилската репрезентација се појави вчера на дресовите и знамињата што ги носеа навивачите пред и за време на натпреварот против Јужна Кореја на Светското првенство.

Пеле изјави дека натпреварот ќе го гледа од болница. Бразил ја победи Јужна Кореја со 4:1 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство. Таму ќе се сретнат со Хрватска.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.