SportM
Фудбал

Пенал во последните моменти го спаси Ливерпул од пораз, во Њукасл не можат да им веруваат на своите очи (ВИДЕО)

SPORTM.mk23 авг 2026
Пенал во последните моменти го спаси Ливерпул од пораз, во Њукасл не можат да им веруваат на своите очи (ВИДЕО)

Њукасл израмни 2-2 против Ливерпул на „Сент Џејмс Парк“ во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. „Страчките“ почнаа исклучително добро и постигнаа гол уште во 5-тата минута, кога по брз противнапад и асистенција на Вилијам Осул, Ентони Еланга ја испрати топката во мрежата со удар со десната нога. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Во 18-тата минута, Флоријан Вирц беше многу блиску до голот за израмнување, но ударот на Германецот беше извонредно одбранет од Хорничек. Понатаму, минутите беа мирни за двата клуба и немаше конкретни закани. Првото полувреме заврши 1-0 за домаќините.

Ливерпул го започна второто полувреме подобро и во 55-тата минута, Коди Гапко го постигна голот за израмнување со фантастичен удар со десната нога од далечина. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Сепак, домаќините не се деморализираа и повторно постигнаа гол за предност. Овој пат Џо Вилок постигна многу убав гол по фантастичен противнапад. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Во последната минута од продолженијата, летното засилување Виктор Муњоз беше спречен во казнениот простор, арбитерот покажа на белата точка. Доминик Собослај погоди и топката заврши во мрежата. Натпреварот заврши 2-2. ПОГЛЕДНИ ГО ПЕНАЛОТ И ГОЛОТ

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.