Пеп го „најави“ трансферот на Меси!

Пеп Гвардиола гласа – за враќање на Лео Меси во Барселона.
Со недели пишувавме на оваа тема, но сега Пеп Гвардиола го додаде својот печат на приказната.
Менаџерот на Манчестер Сити смета дека враќањето на Меси во Барселона е најдобрата можна приказна.
“Сигурен сум дека Меси ќе направи се за да се врати во Барселона. Исто така, сигурен сум дека Лапорта ќе направи се, исто како и Меси, и се надевам дека ќе каже “збогум” како што сака и заслужува.Ќе го заземам своето место и се надевам дека во живо ќе го гледам збогувањето со Барселона кое го заслужува Меси е најголемиот во историјата и се надевам дека ќе го добие збогувањето што го посакува и заслужува“, изјави Пеп Гвардиола.
Дали некој, кој не е навивач на Барселона, не се согласува? И дали Пеп знае нешто повеќе за оваа тема?
Не треба да се заборави дека Гвардиола се уште е близок со Жоан Лапортa и дека во неколку наврати има изјавено дека сака Меси да се врати во Барселона.
Меѓутоа, во моменти кога е некако реално, неговите зборови имаат посебно значење.



