Пеп: Јунајтед мора да потроши повеќе пари за титулата

Фото: Fussball Bundesliga FC Bayern Josep Pep Guardiola, Muenchen Bayern Deutschland *** Soccer Bundesliga FC Bayern Josep Pep Guardiola Muenchen Bayern Germany
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Манчестер Јунајтед мора да потроши повеќе пари на засилувања за да ја освои титулата во Премиер лигата, пренесуваат британските медиуми. Јунајтед го освои Лига купот, откако во финалето го совлада Њукасл со 2:0.
„Честитки за Јунајтед и Њукасл, одиграа интересен натпревар. Порано или подоцна мораа да освојат нешто, нели?“, изјави Гвардиола.
Британските новинари го прашаа Гвардиола дали Манчестер Јунајтед може да стане сериозен кандидат за титулата во Премиер лигата.
„Ако потрошат повеќе пари, да! Не потрошија доволно пари, нели? Сето тоа е нормално. Јунајтед сега е на позицијата во која треба да биде. Факт е дека Ливерпул и ние постигнавме неверојатен успех. Кога дојдов во Сити, мислев дека Јунајтед секогаш треба да биде на врвот на англискиот фудбал. Ерик тен Хаг работи добро“, додаде менаџерот на Манчестер Сити.
Манчестер Сити го освои Лига купот од 2018 до 2021 година.
„Се сеќавам кога првпат го освоивме Лига купот. Сите бевме возбудени, тоа беше ново за играчите и стручниот штаб. Кога го освоивме Лига купот по четврти пат по ред беше: ОК, уште една обична работа“, заклучи Гвардиола.
Манчестер Сити од 21 часот му гостува на Бристол во осминафиналето на ФА Купот.



