Поврзи се со нас

Фудбал

Пеп: Натпреварот со Ливерпул? Тоа е како претседателските избори во САД

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава пред дербито со Ливерпул.

Сити на Пеп во недела ќе биде домаќин на Ливерпул во дербито од осмото коло на англиската Премиер лига и тоа ќе биде добра можност за Сити да покаже дека се уште се зрели за борбата за титулата и да се вратат на врвот на табелата.

Но, тоа е дефинитивно најтешкиот испит за граѓаните во моментот. Пеп е свесен за важноста на овој натпревар, но нагласува дека „не е сè на еден натпревар“.

“Тоа е важен натпревар, но ова е како претседателските избори во САД. Сите гласови мора да се пребројат. Има многу игри до крајот на сезоната, рано е да се одлучи за шампион”, изјави менаџерот на „Граѓаните”.

loading...

Facebook