SportM
Фудбал

Пеп во очај, неговиот „мозок“ на тимот се повреди, ќе ги промаши натпреварите против ПСЖ?

Д М18 апр 2021
Пеп во очај, неговиот „мозок“ на тимот се повреди, ќе ги промаши натпреварите против ПСЖ?

Манчестер Сити вчера беше поразен од Челзи со 1:0 во полуфиналето од ФА купот, па остана без шанса да го освои овој трофеј.

На Челзи му беше доста голот на Хаким Зиех за финалето, а денес Сините ќе дознаат дали Лестер или Саутемптон ќе се соочат со нив за трофејот.

Што се однесува до Сити, тие сè уште чекорат кон титулата во Премиер лигата, но сакаат конечно да направат нешто повеќе во Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола е загрижен, вчера беше повреден еден од неговите главни играчи, Кевин де Бруин.

„Ќе одиме на лекар на преглед утре, но не изгледа добро“, рече Гвардиола по денешниот натпревар, свесен дека може да остане без Белгиецот за полуфиналните натпревари од ЛШ против ПСЖ.

Со оглед на тоа како ја играше Де Бруин оваа сезона, тоа би било навистина тежок удар за граѓаните пред многу важниот дуел со парижаните.

Де Бруин оваа сезона одигра вкупно 35 натпревари и постигна осум голови со 16 асистенции.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.