SportM
Фудбал

Пепе најскапиот фудбалер во Арсенал

Д М1 авг 2019
Пепе најскапиот фудбалер во Арсенал

Младиот напаѓач на Лил, Николас Пепе од денеска е најновиот фудбалер на Арсенал, истовремено и најскапиот, откако „топџиите“ за неговите услуги платија 80 милиони евра.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска беше на мета на многу европски клубови, но лондонскиот клуб понуди највисока цена.

Токму со цената од 80 милиони евра, Пепе го собори клубскиот рекорд на Пјер-Емерик Абумејанг, кого Арсенал го донесе од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра.

Минатата сезона, 24-годишниот офанзивец одигра одлично во француската Лига 1, каде постигна 23 гола и 11 асистенции, додека за репрезентацијата на Брегот на слоновата коска настапил 15 пати и постигнал четири гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.