Фудбал
Перез ги фрли во транс навивачите на Реал со својот одговор за Мбапе
Реал Мадрид ја освои 35-та титула во шпанската лига, а едно од главните прашања за претседателот Флорентино Перез беше за Килијан Мбапе.
Титулата беше обезбедена на четири кола пред крајот и сега целото внимание е насочено кон полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но Мбапе и понатаму е неизбежна тема.
Францускиот напаѓач (23) важи за звучно летно засилување на Реал Мадрид, а Перез проговори за можното доаѓање на ѕвездата на ПСЖ при прославата на новата титула.
„Велите дека навивачите со нетрпение го чекаат Килијан Мбапе? Се уште не сум размислувал за тоа, но сега кога го кажавте, можеби сте во право… Ќе видиме што не чека кога ќе составиме тим за новата сезона“, низ смеа изјави Перез.
Перез беше многу подиректен во однос на најдобриот играч на Реал Мадрид оваа сезона Карим Бензема.
Во моментов никој повеќе не може да му ја земе Златната топка на Бензема“, убеден е првиот човек на Мадрид.
Од 35 титули, Реал има освоено дури 16 под водство на Перез.