Перез го дочека својот момент и го „уништи“ Мбапе!

Флорентино Перез стигна до новата Лига на шампиони и секако има најголема заслуга зошто Реал Мадрид е најуспешниот клуб во историјата на фудбалот.
Перез има одлична смисла за бизнис, тоа го покажа порано со Зинедин Зидан, а потоа минатото лето кога го врати Карло Анчелоти кој му се оддолжи на најдобар можен начин.
Овој клуб силно сакаше да го види Килијан Мбапе во своите редови. Долго ја посакуваше младата ѕвезда, но не успеа. Французинот остана во ПСЖ.
Откако Реал ја освои Лигата на шампионите со минимален триумф над Ливерпул, Перез го дочека својот момент и го „уништи“ Мбапе.
„Реал секогаш ќе се труди да работи на тоа да ги има најдобрите играчи, но Мбапе е веќе заборавен, ништо не се случи. Таа тема е заборавена“.
„Реал имаше совршена сезона. Мбапе не постои, има само забава на Реал“, изјави првиот човек на кралевите.
Перез зборуваше и за најдобриот играч на натпреварот Тибо Куртоа кој имаше голем број феноменални интервенции.
„Тој е најдобар на светот, затоа го доведовме.
“Имаме многу добар тим. Карим, Винисиус, Родриго, просекот е многу добар. Одбраната е добра, исто како и тимот”.
Перез моментално го отслужува својот втор мандат како претседател на клубот и досега Реал под негово водство има освоено шест ЛШ. Еден во првиот, а пет во вториот мандат.



