SportM
Фудбал

Перез конечно прозбори за платата на Модриќ: Не е ни чудо што Лука одлучи да остане

Д М28 сеп 2018
Перез конечно прозбори за платата на Модриќ: Не е ни чудо што Лука одлучи да остане

Директорот на Реал Мадрид, Флорентино Перез конечно зборуваше за платата на Лука Модриќ.

Најдобар фудбалер во светот, по изборот на ФИФА, минатото лето се поврзуваше со напуштање на Реал и премин во Интер, но тоа не се случи затоа што Реал, на крајот, како што веруваат странските новинари, ја зголеми платата.

Пред оваа сезона, Лука заработуваше седум милиони евра годишно, што е помалку од неколку играчи во Реал Мадрид а како најдобар играч на претходниот Мундијал во Русија, тој мислеше дека заслужува повеќе.

Тоа е токму она што Интер му го понуди, но на крајот, трансферот не се случи бидејќи Перез одлучи да ги задоволи условите на Лука.

Иако претседателот Реал не сакаше многу да открие, но според од она што го рече, може да заклучиме дека Модриќ има причина да биде среќен.

“Плата? Можам да ви кажам дека ова лето беше договорено да ја зголемам плата на Модриќ, тоа е сè што можам да кажам”, рече Перез.

Исто така, тој додаде дека наградата на Лука за најдобар играч во светот на некој начин е и награда за Реал Мадрид, кој пред шест години беше многу упорен, со цел да го донесе.

“Ова е исто така награда за сите нас од Реал, кого решивме да го донесеме Модриќ пред неколку години. Оваа награда ја добивме како признание за овој потег”, рече Перез.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.