SportM
Фудбал

Перин го испровоцира Роналдо, но се појави видео кое покажува дека дури и ЦР не останал должен (ВИДЕО)

Д М15 дек 2020
Перин го испровоцира Роналдо, но се појави видео кое покажува дека дури и ЦР не останал должен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус во неделата ја совладаа Џенова на гости со 3:1, а Кристијано Роналдо повторно постигна два гола од белата точка.

Исто како против Барселона неколку дена порано, Роналдо двапати беше сигурен од белата точка, а Јувентус на крајот ја победи Џенова со 3-1.

Сепак, натпреварот беше обележан со вербална пресметка на домашниот голман Матија Перин и Роналдо при вториот пенал. Потоа Перин извика „Дали повторно ќе шутираш во средина?“ и се обиде да го испровоцира Роналдо.

Сепак, италијанските медиуми објавија ново видео од кое се гледа дека Португалецот не остана должен на својот поранешен соиграч.

Кога го славеше голот, Роналдо само повтори „Каде беше Перин?“ што може јасно да се види и слушне на видеото.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.