SportM
Фудбал

Пет фудбалери го напуштаат Манчестер Сити поради забраната на УЕФА?

Д М19 фев 2020
Пет фудбалери го напуштаат Манчестер Сити поради забраната на УЕФА?

Манчестер Сити доби забрана за настап во Лигата на шампионите во наредните две сезони.

Според тоа, клубот треба да остави неколку sвезди кои не сакаат да играат во клуб кој не може да учествува во Лигата на шампионите. Медиумите од Англија ги наведуваат нивните имиња.

Тие се Серхио Агуеро, Лирој Сане, Кевин Де Брујн, Едерсон и Рахим Стерлинг.

Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на клубот и неговото заминување сигурно би било непоправлива загуба. Сане претходно се поврзал со заминување, а одлуката на УЕФА само ќе го забрза процесот. Де Брујн веќе се поврзува со Ливерпул, но тешко е да се верува дека граѓаните ќе го продадат на толку голем ривал. Голманот Едерсон би можел да заврши во Реал Мадрид, Јувентус или ПСЖ, додека крилниот играч Стерлинг би можел да замине во Шпанија, заинтересирани за него се Реал Мадрид и Барселона.

Ако заминат сите пет, ќе биде огромна загуба за Сити и ќе остане без столбот на тимот, но ова се шпекулации, барем засега, и треба да чекаме да видиме што ќе се случи. На крајот на краиштата, граѓаните исто така имаат право да се жалат против споменатата одлука на УЕФА.

Сити ја започнуваат својата авантура во нокаут-фазата од Лигата на шампионите следната недела и ривал е Реал Мадрид. Првиот натпревар ќе се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.