SportM
Фудбал

Пет играчи го напуштаат Баерн!

Д М17 јул 2020
Пет играчи го напуштаат Баерн!

Баерн Минхен има намера да направи неколку измени во играчкиот персонал ова лето.

Баварците одиграа неверојатен втор дел од сезоната по што освоија титули во Бундеслигата и германскиот куп. Во август ќе се борат за троејот во Лигата на шампионите, каде според многу мислења, тие се првите фаворити.

После тоа, раководството на клубот ќе направи неколку промени кога станува збор за играчите. Според угледниот Кикер, Баварците ќе се разделат со пет играчи: Хави Мартинез, Свен Улрајх, Иван Перишиќ, Алваро Одриозол и Филипе Кутињо.

Последните тројца се во Баерн на позајмица од Интер, Реал Мадрид и Барселона. Баерн не е задоволен од ниту еден и секој ќе биде вратен назад.

Еден од играчите кој исто така би можел да си замине е Тиаго Алкантара. 29-годишниот играч од средниот ред претходно се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, но се претпоставува дека „црвените“ нема да купат играч кој е толку стар, додека цената на Баерн од 35 милиони евра не е мала.

Судбината на Корентино Толисо во голема мерка зависи од тоа што се случува со Алкантара, па ако Шпанецот не си замине. Засега, извештаите велат дека Толисо е далеку побезбеден кога станува збор за останување.

Кикер изјавува дека Баерн сè уште не завршил со шопинг и дека ќе бара десен бек и играч од средниот ред до крајот на трансфер периодот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.