SportM
Фудбал

Петарда на Тотенхем, „Редсите“ прошета низ Бурнемут

Д М7 дек 2019
Петарда на Тотенхем, „Редсите“ прошета низ Бурнемут

Тотенхем и Ливерпул остварија убедливи победи во 16. коло од Премиер лигата.

Тотенхем предводен од Жозе Мурињо игра фантастично и оствари три победи на четири натпревари во Премиер лигата, но денес најубедлива победа, од доаѓањето на Португалецот.

„Спарсите“ постигнаа пет гола и на четврто пласираниот Челзи му се приближија, на 6 бода разлика.

Кејн постигна два гола со една асистенција, Сон постигна еден гол со една асистенција, а во листата на стрелци се запишаја Сисоко и Лукас сепак постигнаа.

Ливерпул славеше сигурна победа од 3:0 во Бурнемут. Окслејд-Чемберлен го однесе домашниот тим до водство со гол во 35. минута, а Кита со брилијантна асистенција на Салах, го дуплираше водството во 44. минута.

Кита во 54. минута, му асистираше на Салах за 3:0.

Ливерпул оди за плус 11 пред Лестер, а на +14 пред Манчестер Сити, но и двата тима имаат натпревар помалку за разлика од Ливерпул. Лестер утре е домаќин на Астон Вила, а Сити вечерва го пречекува Јунајтед.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.