SportM
Фудбал

Пике го исмејува неуспешниот обид на Реал да го доведе Мбапе

Д М1 сеп 2021
Пике го исмејува неуспешниот обид на Реал да го доведе Мбапе

Килијан Мбапе беше голема желба на Реал Мадрид ова лето.

Кралевите испратија неколку понуди за одличниот фудбалер. Втората понуда изнесуваше над 200 милиони евра, но ПСЖ ги одби сите понуди.

Мадридските медиуми беа убедени дека Мбапе ќе стане нов играч на Реал. Така, Марка веќе започна да го бира бројот за Французинот, а тоа го искористи Пике за да го „прободе“ овој весник и големиот ривал од Мадрид.

Тој сподели фотографија со Пике со наслов на кој праша: Кој број на дресот ќе го избере Мбапе?

Дефанзивецот на Барселона даде и свој одговор: Број 7.

https://twitter.com/Footballtime___/status/1432831322574057477

Во минатото, Пике често знаеше да го „прободе“ Реал Мадрид. Нему му одговараше поранешниот капитен на кралевите, Серхио Рамос, но тој е минато во Мадрид и Пике може мирно да продолжи со провокациите.

Килијан Мбапе на крајот би можел да заврши во Реал. Тој ќе е слободен агент во јуни следната година и нема сомневање дека Реал е најголемиот фаворит за неговиот потпис.

Одличниот напаѓач одби неверојатни понуди за продолжување на соработката од ПСЖ и неговата желба да замине во Реал е сосема јасна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.