SportM
Фудбал

Пике има намера во блиска иднина да стане претседател на Барселона

Д М9 ное 2022
Пике има намера во блиска иднина да стане претседател на Барселона

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике во блиска иднина има амбиција да стане претседател на клубот.

Како што јави „Sport.es.“ според изворот, играчот веќе почнал да формира тим за идните избори.

Следните претседателски избори во Барселона ќе се одржат во 2025 година. Актуелен претседател на клубот е Жоан Лапорта.

Пике е „дете“ на Барселона. На 5 ноември тој го одигра последниот натпревар за тимот против Алмерија (2:0) во рамките на 13. коло од шпанското првенство.

Два дена претходно, 35-годишниот Шпанец објави дека става крај на фудбалската кариера.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.