Пике открива како ја освоил Шакира: Мислев дека не е нормална …

Жерард Пике со години е во хармоничен однос со познатата колумбиска пејачка Шакира.
Славната двојка не зборува премногу за нивниот приватен живот, па само по неколку години се слуша нешто ново за нивната врска.
Пике реши да излезе во јавноста и да открие како се запознал со атрактивната пејачка.
„Се запознавме во Мадрид на снимањето на музички спот за песната “Вака Вака” пред почетокот на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка. Веднаш го побарав нејзиниот телефонски број“, вели Пике, откривајќи како сè се развиваше.
„Таа отиде во Јужна Африка малку порано за да пее на отворањето на првенството. Јас и испратив порака во која ја прашав како е времето во Јужна Африка. Не очекував одговор, но одговорот дојде: Студено е, земи палто“.
Но Шакира не застана тука, и напиша огромна порака.
„Таа пишуваше роман со детали за промена на температурата од ден на ден. Помислив, оваа не е нормална. Ние се допишувавме за време на првенството, но единствената шанса да ја видам беше да се дојде до финалето. И реков дека ако е потребно да ја видам, ќе стигнеме до финалето. И ова беше втор пат кога се видовме“, рече Пике.
После тоа следуваше вистинска романса. Шакира наскоро беше во прегратката на Жерард, а таа се уште е таму и денес. Познатиот пар има два сина, Милан и Саша.



