Пиоли: Поразот од Ливерпул може да користи против Атлетико

Искуството од поразот од Ливерпул ќе го направи Милан уште поподготвен за следниот натпревар во Лигата на шампионите против шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, изјави тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли.
Италијанскиот клуб, кој по осум години се врати во најпрестижното европско клупско натпреварување, претрпе пораз (2:3) на „Енфилд“ во првиот натпревар од групата Б.
„Видовме дека малите детали прават разлика во тие натпревари. Примивме голови на Енфилд по невнимание и некои технички грешки. Мораме да играме на многу високо ниво – едноставно, брзо, без погрешни решенија, за да можеме да го запреме ривалот во секој момент. Тоа се тимови кои играа во Лигата на шампионите со години и, како по правило, стигнаа до самиот крај. Верувам дека поразот од Ливерпул може да ни помогне да бидеме поподготвени и поконкурентни против многу силениот Атлетико“, рече Пиоли.
Милан оваа сезона нема пораз во Серија А, додека шпанскиот шампион загуби на гостувањето кај Алавес во саботата (0:1) и има една победа на последните четири натпревари во сите натпреварувања.
„Не се согласувам дека тие се во лоша состојба. Тие беа непоразени до саботата и се уште се блиску до врвот во Ла Лига. Тие се силен тим со одличен тренер, а играчите се секогаш подготвени да ја искористат секоја грешка на противникот. Мора да бидеме посветени и внимателни сите 90 минути“, изјави Пиоли.
🗣 Pioli provides update on Giroud, Kjaer, Florenzi and other injured players ahead of Atletico clashhttps://t.co/a0QejAS9Ay #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) September 27, 2021



