Пиоли: Совршено знаеме дека на Милан му претстојат тешки моменти

Има многу оптимизам во и околу Милано, и оправдано е по импресивната серија и резултати кои беа незамисливи не толку одамна.
Милан врза четири победи во сезоната, славеше и против градскиот ривал Интер, а пред Рома беше забележана победа на гостувањето кај Селтик во Европската лига.
“Не постои тајна за успехот. Само што сите работиме во иста насока веќе некое време. Клубот, играчите, персоналот – се чини дека сè е составен дел од овој проект и сите работиме заедно за да го подобриме”, рече Пиоли.
„Клубот треба да биде пофален што продолжи со работата што ја работиме и донесе неколку талентирани млади играчи кои можат да додадат различност во тимот.
Сепак, и покрај сè, Пиоли се плаши дека ќе има тешки моменти, и сите во клубот ќе мора да бидат подготвени да ги надминат.
„Добрите резултати градат самодоверба, но ние совршено добро знаеме дека ќе дојдат тешки времиња и ќе мора да ги надминеме“, додаде Пиоли.



