Поврзи се со нас

Фудбал

Пирло јасно стави до знаење дека е среќен што Јувентус го донесе Мората, а не Џеко

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората пристигна во Јувентус пред почетокот на оваа сезона и тоа се покажа како добар потег на Старата дама.

Познато е дека Јувентус првично сакаше да го доведе Един Џеко, но откако не постигнаа договор со Рома, тие решија да контактираат со Атлетико Мадрид и експресно да го комплетираат враќањето на Мората.

Тој претходно го носеше дресот на Јувентус кога играше на позајмица од Реал Мадрид, и тие знаеја за каков играч станува збор. Откако пристигна во Торино, тој одигра осум натпревари и постигна шест гола, а исто така се избори за место во шпанската репрезентација.

Андреа Пирло зборуваше за Мората и уште еднаш рече дека направиле одличен избор за напаѓачите и дека претпоставуваа дека на крајот се решија за Мората.

“Тој е одличен играч и затоа решивме да го донесеме во Јувентус. Тој ја врати самодовербата што ја загуби во Мадрид и Челзи. Знаевме колку вреди и за каков играч станува збор и направивме одличен избор околу напаѓачот на крајот. Знаете кој се беше во игра да дојде и среќен сум што на крајот изборот падна на Мората“, рече Пирло.

loading...

Facebook