Connect with us

Фудбал

Пирло: Мора да работиме за да го достигнеме нивото на игра на Барселона

Андреа Пирло призна дека неговите планови на натпреварот против Барселона не успеале, и смета дека главната причина за поразот е недостатокот на искуство.

Имено, синоќа Барселона победи на гостувањето кај Јувентус со 0:2, во рамките на групната фаза од Лигата на шампионите.

“Треба да работиме за да стигнеме до нивното ниво на игра. Знаевме дека ќе биде тешко затоа што тие се навикнати на вакви игри. Оваа игра ќе ни помогне да растеме и да се подобруваме во иднина”, рече Андреа Пирло.

На тренерот на Јувентус недостасуваа неколку играчи на овој натпревар, а меѓу нив беше и Кристијано Роналдо.

“Се надевам дека сите ќе се вратат наскоро, бидејќи немам преголем број на опции. Играме двапати неделно и играчите се уморни. Сакавме да ја прошириме одбраната на Барселона, но не успеавме”, заклучи Пирло.