Пирло откри дека има голем проблем: Роналдо утре нема да игра во Бергамо

Фудбалерите на Јувентус утре го играат натпреварот од 31-то коло во италијанската Серија А на гости против Аталанта.
Старата дама не игра многу добро оваа сезона и се чини дека првпат по девет години нема да го освои Скудетото.
Сепак, на Јувентус дури му се заканува пласман во Лигата на шампионите, а утре игра против Аталанта, која е четврта и веднаш зад Старата дама со само еден бод помалку.
Андреа Пирло се најде во нови проблеми пред утрешниот натпревар бидејќи на прес-конференција денес потврди дека Кристијано Роналдо нема да игра утре поради проблеми со повредите.
“Утре играме без важен играч. Кристијано нема да игра против Аталанта поради проблеми со повредите. Сметаме дека е ризично да оди со нас во Бергамо и да ризикуваме посериозна повреда”, рече Пирло.
Италијанските медиуми пишуваат дека ова не е сериозна повреда и дека Роналдо ќе се врати на теренот за неколку дена.
Утре од првата минута се очекува да го замени Пауло Дибала, кој неодамна се опорави од повредата. Исто така, Федерико Бернардески, кој е заразен со коронавирус, не игра утре.
⚠️
Problema al flessore per #CR7: salta la trasferta di Bergamo.
— Romeo Agresti (@romeoagresti) April 17, 2021



