Пирло победата му ја посвети на Синиша Михајловиќ
Д М17 дек 2023

Во 17. коло од Серија Б, Сампдорија на гости ја совлада Реџина со 2:1.
Славниот Андреа Пирло, кој од почетокот на оваа сезона е тренер на клубот од Џенова, победата му ја посвети на Синиша Михајловиќ.
Михајловиќ четири години играше за Сампдорија, а две години беше тренер. Во саботата беше првата годишнина од неговата смрт по тригодишна битка со леукемија.
„Игравме за Синиша Михајловиќ. Беше пример за сите, и на теренот и надвор од него. Со оваа победа со големо задоволство се сеќаваме на него. Инаку, голот го постигна Касами, кој има слична градба како него и е левак“, изјави Пирло.
Иако никогаш не биле соиграчи, Михајловиќ и Пирло добро се познавале од италијанските терени, бидејќи од 1996 до 2006 година и двајцата играле во Серија А.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



