Connect with us

Фудбал

Пјаниќ ги советува ѕвездите на Јувентус: „Не ја повторувајте мојата грешка, размислете двапати“

Играчот од средниот ред на Бешикташ, Миралем Пјаниќ им даде интересен совет на фудбалерите на Јувентус, Алваро Мората и Матијс де Лихт.

Двајцата играчи се поврзуваат со заминување во Барселона, а Пјаниќ ги советува да внимаваат што сакаат.

„Кого би препорачал од Турција? Миралем Пјаниќ“, се пошегува играчот од средниот ред на БиХ во интервју за Tuttosport и ја продолжи приказната:

„Потребна е голема одговорност за некој да игра за Јувентус. Сè уште сум заљубен во клубот, навивачите, тренерот, соиграчите… Имам прекрасни спомени и се надевам дека ќе се вратам на стадионот со мојот син наскоро да гледам натпревар“.

Тој истакнува дека не му било лесно да го напушти Јувентус по четири години одлични настапи.

„Не ми беше лесно да го напуштам Јувентус, но си заминав поради Барселона која ме следеше две години. Да се ​​вратам во Јуве? Тоа би било феноменално, но во секој случај му посакувам се најдобро на клубот“.

Потоа следуваат советите за Алваро Мората и Матијс де Лихт кои се поврзуваат со заминувањето од Јувентус во Барселона.

„Нема потреба да кажам ништо, но ќе му дадам совет што би им го дал на сите. Размислете двапати пред да го напуштите клубот во кој сте среќни, дури и ако ви понудат двојно повеќе пари“.

„Разбирам дека понекогаш на играчите им треба нова мотивација и предизвици. Ќе мора да знаат што да прават. Не ги знам деталите, но Мората отсекогаш бил среќен во Јувентус. Само оние кои не се среќни го напуштаат клубот и таквите играчи не треба да се чуваат. Мората секогаш кажувал убави зборови за клубот, но секако дека мора да се земе предвид поканата на Барселона. Тој е искусен играч и знае што е правилно за него“.

Сличен совет имаше и за Де Лигта.

„Де Лигт направи одличен избор бидејќи реши да порасне покрај Бонучи и Кјелини.Среќен е во Јувентус и кога е среќен подобро да остане. Само ако не сака некои нови предизвици. Размислувајте двапати и немојте да ја направите истата грешка како мене“, истакна Пјаниќ.

Реклама

Facebook

Реклама