Connect with us

Фудбал

Пјаниќ има одлично друштво во Бешикташ: Ова е тимот со кој располага турскиот шампион

Турскиот шампион Бешикташ состави многу добар тим за оваа сезона.

Истанбулскиот великан успеа да заврши неколку одлични трансфери во летниот преоден рок, а најзвучно секако е играчот од средниот ред, Миралем Пјаниќ.

Покрај Пјаниќ, кој пристигна на позајмица од Барселона, тимот од Истанбул е посилен за Рахид Гезало, Мичи Батшуаи, Валентир Росиер и Алекс Тејсиера.

Вака изгледа тимот на турскиот клуб оваа сезона:

Тренерот Серген Јалчин доби навистина одлично засилување за новата сезона во која црно -белите ја бранат титулата, а ќе видиме што може да направи тимот во Лигата на шампионите.

Бешикташ е во групата со Спортинг Лисабон, Ајакс и Борусија Дортмунд, против кои го отвораат натпреварувањето на домашен терен на 15 септември.

Facebook