SportM
Фудбал

ПМФЛ: Македонија ЃП ја продолжи победничката низа

Д М26 фев 2022
ПМФЛ: Македонија ЃП ја продолжи победничката низа

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ја продолжија серијата победи во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), совладувајќи ја на домашен терен попладнево штипска Брегалница со 2-1 (2-0) во рамки на воведниот натпревар од 21. коло.

Стрелци за домашниот тим беа Попзлатанов во 36 минута и Стојкоски (41), додека почесниот гол за гостите го постигна Ѓокиќ (55).

Со максимални девет бодови по воведните три кола во пролетниот дел од сезоната Македонија ЃП сега има 36 бодови на четвртото место, додека Брегалница остана на шестото место со 30 бодови.

Прволигашкото 21. коло ќе биде комплетирано со утрешните пет натпревари во кои се среќаваат: Борец – Струга, Скопје – Работнички, Пелистер – Ренова, ШкендијаАкадемија Пандев и ШкупиТиквеш.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.