SportM
Фудбал

ПМФЛ: Вардар на домашен терен поразен од Шкендија, Работнички на гости ја совлада Ренова

Д М21 окт 2018
ПМФЛ: Вардар на домашен терен поразен од Шкендија, Работнички на гости ја совлада Ренова

Во рамките од 10. коло на ПМФЛ, шампион на Македонија го совлада лидерот на табелата, Вардар. Првиот гол го постигна Изаир Емини во 4. минута од судиското надополнување од првото полувреме, додека вториот гол го постигна Бесарт Ибраими на самиот крај во 90. минута.

Фудбалерите на Работнички денеска гостуваа во Тетово кај Ренова и славеа убедлива победа од 2:0.

Резултатот на натпреварот го отвори Стјапановиќ од пенал во 26. минута и му донесе водство од 1:0 на Работнички. Во 78. минута судијата му покажа втор жолт картон на Стјапановиќ, а Работнички остана со играч помалку. На самиот крај од натпреварот во 90. минута Душан Стевиќ постигна гол за убедлива победа на Работнички од 2:0.

Шкупи на домашен терен ја пречека екипата на Силекс и издвои сигурна победа од 2:0. Мреѓите мируваа во првото полувреме, во 50. минута Серџо успеа да постигне гол за водство на Шкупи.

Седум минути потоа Стојковски повторно ја затресе мрежата на Силекс и го постави конечниот резултат од 2:0.

Македонија ЃП со минимален резултат на домашен терен славеше против Академија Пандев. Единствениот гол на Средбата го постигна Кировски во 55. минута од натпреварот.

На натпреварот Беласица – Победа, домаќинот славеше со 2:1.

Првиот гол за домаќините го постигна Балдовалиев во 26. минута од натпреварот. По само пет минути игра во второто полувреме Ивановски во 50. минута ја зголеми предноста на Беласица на 2:0. Единствениот гол за Победа го постигна Кириан на самиот крај од натпреварот, во 5. минута од судиското надополнување.

Лидер на табелата останува Вардар со 23 бода, Шкендија е втора со 19, Академија Пандев на третата позиција со 16 бода, потоа следуваат Работнички со 14 бода, Македонија ЃП и Беласија со по 13 бодови, седма е Ренова со 11 бода.

На дното од табелата, на осмата позиција се наоѓа Победа со 11 бода, на деветтата Шкупи со 9 бода и на последната позиција се наоѓа Силекс со 7 бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.