SportM
Фудбал

По дербито против Интер, Милан му приреди големо изненадување на Ибрахимовиќ

Д М22 окт 2020
По дербито против Интер, Милан му приреди големо изненадување на Ибрахимовиќ

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов договор со Милан до крајот на оваа сезона.

Ибрахимовиќ пристигна на „Сан Сиро“ на почетокот на годината како слободен агент и имаше договор на половина година. Но, по крајот на минатата сезона, тој го продолжи договорот за уште една година, бидејќи се покажа како големо засилување.

Ибрахимовиќ иако има веќе 39 години, игра во одлична форма, а минатиот викенд го реши дербито против Интер со два гола (1:2). Ибрахимовиќ е секако еден од најважните играчи во Милан и клубот е подготвен да му понуди нов договор.

Италијанските медиуми денес објавија дека челниците на Милан веќе разговарале со неговиот агент Мина Раиол и дека му понудиле на Златан нов договор до летото 2022 година.

На „Сан Сиро“ се надеваат дека ќе се согласи на нов договор и во Милано би можел да ја заврши кариерата затоа што ќе има скоро 41 година кога ќе му истече договорот. Но, на Сан Сиро сега го чекаат одговорот на Златан и се надеваат на најдоброто.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.