По долги 70 години, текстот на англиската химна се менува, а ќе го слушнеме на Вембли на 23 септември

Смртта на кралицата Елизабета Втора ја потресе Велика Британија пред неколку дена, па поради ова беа откажани сите натпревари во Англија.
Англичаните тагуваат за смртта на нивната кралица, која владееше 70 години и остави неизбришлива трага во историјата на оваа земја.
Поради ова се очекуваше викендов да бидат одложени сите натпревари во Англија, бидејќи денеска оваа земја доби нов лидер, а тоа е кралот Чарлс Трети.
Смртта на кралицата Елизабета ќе смени многу работи во Англија, па дури и националната химна, која е добро позната.
Поради смртта на кралицата и фактот дека Англија сега има крал, текстот на химната „Боже спаси ја кралицата“ се менува и сега химната ќе се вика „Боже спаси го кралот“.
Јасно е дека мелодијата на оваа химна ќе остане иста, но дека текстот ќе се промени. Во секој дел каде што се споменува кралицата, сега ќе се пее кралот и тоа за прв пат по 70 години од нејзиното владеење.
Оваа химна за прв пат била изведена уште во 1745 година кога на чело бил Џорџ II, а текстот бил променет по потреба кога на чело бил кралицата или кралот на Англија.
“God save our gracious King! Long live our noble King! God save the King! Send him victorious, Happy and glorious, Long to reign over us, God save the King”, ќе гласи нивиот текст на химната на Англија.
https://youtu.be/ZNqx–xwKfI
Последен пат текстот се променил во далечната 1952 година, кога починал кралот Џорџ Шести, а потоа круната ја презела неговата ќерка Елизабета, која владеела 70 години.
Се чини дека „Господ чувај ја кралицата“ нема да се пее уште долго бидејќи по Чарлс, наследници на оваа круна сега се принцот Вилијам и неговиот син Џорџ.
Што се однесува до репрезентацијата на Англија, новиот текст на нивната национална химна за прв пат ќе го слушнеме на 23 септември, кога оваа селекција ќе игра против Германија на Вембли.



