По инцидентот со Роналдо: Карагер повторно во центарот на вниманието, овој пат поради конфликт со навивач

Џејми Карагер повторно се најде во центарот на вниманието, а овој пат причина е неговиот инцидент со еден од навивачите на Нотингем.
Имено, тој пред неколку дена веќе беше во центарот на вниманието на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Да потсетиме, тогаш Кристијано Роналдо дојде кај новинарите и стручните коментатори на Скај Спортс, меѓу кои и Карагер, но поради ривалството реши да не се збогува со легендата на Ливерпул.
Тоа тогаш го насмеа поранешниот играч на Ливерпул, но по натпреварот беше исмеан поради тоа што му го направи Роналдо.
Не требаше долго да чекаме Карагер да се врати на насловните страници на таблоидите во Англија, а овој пат причина е неговиот инцидент со симпатизер на Нотингем.
Имено, на натпреварот помеѓу Нотингем и Тотенхем, тој му одзел мобилен телефон од рака на еден од навивачите на матичниот клуб.
Карагер прво се насмеа неколку пати на различните шеги, но потоа му го одзеде мобилниот телефон на еден од обожавателите.
Carragher out of control again, least he didn’t spit this time
Bullet proof at sky though pic.twitter.com/VxO7ygGRDa
— On The Head – Football (@OnTheHeadNews) September 1, 2022
Во се се вклучи обезбедувањето, а на крајот легендарниот фудбалер на Ливерпул си замина.
“Обезбедувањето ме следеше од едниот до другиот крај на стадионот. Имаше многу гласни навивачи и сите фрлаа работи. Не сакав никого да повредам и мислам дека тие се чувствуваат исто”, изјави Карагер.
Се чини како прашање на денови кога повторно ќе го видиме Карагер во слична ситуација.



