SportM
Фудбал

По Меси дојде крајот и за Роналдо: Манчестер Јунајтед испадна од Лигата на шампионите!

Д М15 мар 2022
По Меси дојде крајот и за Роналдо: Манчестер Јунајтед испадна од Лигата на шампионите!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва испаднаа од Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Беше 1:1 на првиот натпревар одигран во Мадрид, а вечерва Атлетико оствари голема победа (1:0) на Олд Трафорд и ќе игра уште едно четвртфинале од Лигата на шампионите. По Лионел Меси, прерано се прости и Кристијано Роналдо.

Се започна со добра можност за домашните фудбалери. Бруно Фернандеш погоди во 12. минута, младиот Еланга шутираше од пет метри, но Јан Облак со глава одбрани. Само две минути подоцна возврати Атлетико, Де Пол шутираше од околу 20 метри, Де Хеа брилијантно одбрани.

Потоа продолжи притисокот на играчите на Јунајтед, но Атлетико се одбрани, а потоа во 34. минута одлична акција по која Жоао Феликс погоди, но сепак пред тоа Љоренте беше во недозволена позиција и голот оправдано беше поништен.

Тогаш имаше среќа Манчестер, но не во 42. минута, кога по нова одлична акција на „јорганџиите“ Ренан Лоди погоди со глава. Феликс во ја остави топката за Гризман, Французинот брилијантно центрираше, а Лоди го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, веројатно во најдобриот момент.

На самото отворање на вториот дел, опасен удар на младиот Еланга, топката мина покрај голот. Во 59. минута Санчо шутираше, топката мина над голот, а како одминуваше времето, нападите на домашните беа се поинтензивни и посилни.

Одличниот Облак ги спасува Мадридѓаните во 77. минута. Варан шутираше одлично со глава по прекинот, Словенецот за чудо одбрани и е еден од хероите на шпанскиот тим. Јунајтед се обидуваше да спаси до крајот, да постигне гол и да оди во продолжение, но Атлетико се одбрани и се пласира меѓу осумте најдобри.

Да потсетиме дека претходно четвртфинале стигнаа до Манчестер Сити, Ливерпул, Реал Мадрид, Баерн, а вечерва Атлетико и Бенфика. Преостанатите двајца учесници ќе ги дознаеме утре по реванш дуелите Лил – Челзи (0:2) и Јувентус – Виљареал (1:1).

Манчестер Јунајтед – Атлетико 0: 1 (Лоди 42)

Јунајтед: Де Геа, Далот, Варан, Мегваер, Телес, Фред, Мектоминај, Еланга, Фернандес, Санчо и Роналдо.

Атлетико: Облак, М.Љоренте, Хименез, Савиќ, Реинилдо, Де Пол, Коке, Лоди, Ерера, Жоао Феликс и Гризман.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.