По натпреварот имаше пресметка меѓу навивачите и некои ѕвезди на Атлетико

Фудбалерите на Атлетико синоќа беа поразени од Виљареал со 0:2 на својот стадион Ванда Метрополитано во второто коло од шпанската Ла Лига.
Атлетико не одигра како што знае, а Унаи Емери успеа да го надмудри Диего Симеоне дури во 17. обид.
Самиот финиш на мечот го одбележа хаотична ситуација и директен црвен картон за фудбалерот на Атлетико Молина, а откако Морено погоди за 2:0, беше нападнат од домашните играчи бидејќи сметаат дека „претерал со славјето“.
На крајот во Атлетико сфатија дека нема потреба да го истураат бесот на другите и дека за поразот се виновни само самите себе.
И навивачите на Атлетико изразија одреден степен на нервоза и незадоволство, а потоа влегоа во вербален конфликт со неколку ѕвезди на нивниот тим.
На видеото може да се види дискусија пред трибините зад голот, а за малку ќе дојдеше до физичка пресметка, но работите беа средени. Утрото е попаметно од ноќта, двајцата ќе мора да го прифатат поразот од Виљареал и од утре да почнат да размислуваат за следните натпревари.
Атлетико е еден од фаворитите за титулата во Шпанија, но со вакви натпревари тешко дека ќе може да ги одмери силите со Реал Мадрид и Барселона.
Жолтата подморница на тој начин остана со максимален учинок од шест поени, додека во Мадрид по првиот „несреќ“ дојде до конфликт и голема нервоза.



