По натпреварот, Пике му подари на играчот на Бетис дрес на кој пишуваше: „Ти си гениј!“ (ФОТО)
Д М5 дек 2021

Барселона во саботата на „Камп Ноу“ беше поразена од Бетис со 1-0.
Слабото издание на Барселона на Чави резултираше со нов пораз, а по натпреварот стоперот и еден од најискусните кај Каталонците Жерар Пике му го подари својот дрес на легендарниот фудбалер на Бетис, Хоакин.
40-годишниот фудбалер ја игра последната сезона, а Пике одлучи да му оддаде почит со дрес со посебна порака.
„За мојот пријател Хоакин, ти си генијалец. Честитки за целата твоја кариера“, стои во дресот.
Фотографијата од дресот подоцна на Инстаграм ја сподели и самиот Хоакин, кој секако мисли на таквите „ситници“.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



