SportM
Фудбал

По Њукасл Јунајтед, арапскиот принц купува уште поголем клуб!

Д М13 окт 2021
По Њукасл Јунајтед, арапскиот принц купува уште поголем клуб!

Мохамед бин Салман, саудискиот принц и првиот човек зад кралот во Саудиска Арабија е на чело на инвестициски фонд (ПИФ), кој неодамна стана сопственик на Њукас Јунајтед.

Така Њукасл Јунајтед одеднаш го доби најбогатиот сопственик во светот на фудбалот. Неговото богатство се проценува на 320 милијарди фунти.

Според најавите од Италија, Мохамед бин Салман нема да застане на купување на Њукатл Јунајтед, но сега планира да купи друг клуб.

Имено, според некои информации, богатите од Саудиска Арабија понудиле дури милијарда евра за купување на Интер.

Интер веќе неколку месеци има сериозни финансиски проблеми, поради што беа принудени да ги продадат најдобрите играчи како Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.

Клубот од Милано е во сопственост на семејството Џанг, чија компанија Сунинг претрпе огромни загуби во изминатиот период, па затоа не е исклучена продажбата на актуелниот италијански шампион.

Претходно, газдите на „нероаѕурите“ позајмиле 275 милиони евра за да обезбедат плати за вработените, а заемот ќе треба да се врати во следните три години.

Одговорот на семејството Џанг се очекува наскоро. Во случај на согласност, тоа дефинитивно би било почеток на нова ера на стадионот „Џузепе Меаца“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.