SportM
Фудбал

По речиси пет месеци: Агуеро стартува во Барса

Д М27 окт 2021
По речиси пет месеци: Агуеро стартува во Барса

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро за првпат ќе биде во првите 11 играчи на еден натпревар откако во среда од 19 часот пристигна во редовите на Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Серхио Агуеро го напушти Манчестер Сити на 29 мај годинава по десет години, а само два дена подоцна потпиша договор со тимот од стадионот „Камп Ноу“. Сепак, повредата го спречи да дебитира до 17 октомври, кога влезе од клупата на мечот со Валенсија.

Тогаш Аргентинецот играше како резерва против Динамо Киев и Реал Мадрид, а во „Ел Класико“ го постигна првиот гол во новиот клуб.

Барселона нема да може да смета на неколку првотимци на гостувањето на стадионот „Валекас“ – поради повреди ќе отсуствуваат Роналд Араухо, Мартин Брајтвајт, Усман Дембеле,  Ансу Фати, Педри, Муса Ваг и Френки де Јонг .

Каталонците не ја започнаа добро сезоната во Ла Лига – по девет натпревари собраа 15 бода, шест помалку од лидерот Реал Сосиедад, кој има меч повеќе. Реал Мадрид има 20 бода и девет одиграни натпревари.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.