SportM
Фудбал

По што ќе биде запаметен Хари Кејн? Ништо од трансфер, нов договор во Спарс!

Д М23 јан 2023
По што ќе биде запаметен Хари Кејн? Ништо од трансфер, нов договор во Спарс!

Англискиот напаѓач Хари Кејн е подготвен да остане во Тотенхем и се подготвуваат преговори за нов договор, пренесува „Атлетик“.

 

Манчестер Сити пред две лета понуди над 100.000.000 евра за Хари Кејн. Трансферот беше блиску до реализација, но потоа договорот пропадна и Пеп Гвардиола се сврте кон Џек Грилиш, кого го направи најскапиот британски играч досега.

 

После тоа голгетерот на Тотенхем го сакаше и Манчестер Јунајтед, а се споменуваше и Баерн Минхен кој наводно е подготвен да се пресели кај нив следното лето.

 

Сепак, нема да има ништо од трансферот на Хари Кејн во нова средина, ако се суди според најавите на „Атлетик“. Имено, иако не седнале на маса од летото 2021 година, Даниел Ливи и Хари Кејн ќе се сретнат по јануарскиот преоден рок и ќе разговараат за продолжување на соработката по летото 2024 година, кога му истекува актуелниот договор. Тој сака да постигне повеќе со Тотенхем, да добие уште некои почести кои се премалку за реномето што го има.

 

Кејн моментално има 29 години и договорот за повеќе сезони дефинитивно ќе значи дека тој ќе му ги даде на Тотенхем сите негови најдобри играчки години. Така што можеби никогаш нема да го видиме неговиот голем трансфер и имајќи ја предвид конкурентноста во Премиер лигата и начинот на кој функционира клубот, прашање е дали некогаш ќе се закити со некој поголем трофеј, кој Кејн како фудбалер дефинитивно го заслужува.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.