По срамниот гест, УЕФА го шокираше Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Ладен туш пристигнува за Атлетико Мадрид пред реваншот од четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
УЕФА во петокот покрена истрага против Атлетико Мадрид затоа што некои навивачи на овој клуб користеа фашистички поздрави на првиот натпревар од четвртфиналето против Сити на Етиад.
На два дена пред новиот натпревар на стадионот „Ванда Метрополитано“, УЕФА одлучи да примени санкции и казни за „јорганџиите“.
За време на натпреварот ќе биде затворен дел од стадионот со 5.000 седишта, со транспарент со порака: „Не за расизмот“.
Атлетико остана шокиран од оваа казна, која ја смета за погрешна и не знае како да ја примени, бидејќи сите билети се веќе распродадени.
https://twitter.com/i/status/1512550982382718978
Клубот од Мадрид ќе мора да најде решение да им каже на некои навивачи дека не можат да дојдат на натпреварот особено затоа што резервирале билети уште порано или одложиле некои други работи за да го следат натпреварот во живо.
Атлетико соопшти дека ќе соработува со полицијата за да се искорени фашистичките поздрави и слични гестови од фудбалот и дека ќе го санкционираат навивачот кој е виновен за оваа казна.
За потсетување, Сити го доби првиот меч со 1:0 и Атлетико има тешка мисија да се пласира во полуфиналето, особено по катастрофалната игра која не влева надеж дека може да се дојде до пресврт.



