Connect with us

Тајмаут

По табла јајца и печено прасе, сега живо јагне, норвешиот клуб продолжува со креативните награди за играч на мечот! (ФОТО)

Норвешкиот клуб Брин продолжи со креативните награди за играчот на натпреварот. Се започна на крајот на март кога клубот го награди голманот Јан де Бур за најдобар играч на дуелот со Бодо/Глимт со четири табли  јајца.

После тоа, Брин го победи Вархауг со 4:0 во Норвешкиот куп, а стрелецот на три гола Хајне Ларсен за награда доби печено прасе, потег кој наиде на осуда од норвешката јавност.

Во Брин ја разбрале пораката и решиле следната награда исто така да биде животно, но овој пат живо. Во третото коло од елитното ниво на норвешкиот фудбал, Брин ја забележа првата победа над Хаугесунд (3:1), а за играч на натпреварот беше прогласен Аксел Кригер. Кригер постигна еден гол на натпреварот, а беше награден со живо јагне.