По убавите вести, Клоп ги соопште и помалку убавите

Тренерот на Ливерпул во вторникот одржа прес-конференција за финалето на Лигата на шампионите.
Ливерпул оваа сезона остана со „кратки ракави“ кога станува збор за Премиер Лигата. Дури и со 97 освоени поени не му беше доволно конечно да ја освои титулата по 29 години.
Сепак, шанса да се поправи сезоната на Ливерпул ќе биде на 1 јуни, кога ќе играат со Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а Ливерпул се подготвува на „Марбела“.
„Ние сме многу возбудени повторно да имаме шанса да играме во финалето. Веројатно сме поискусни, но тоа навистина не прави никаква разлика. Сето тоа се сведува на фактот дека финалето го употребуваш она што те донесе до финале. Досега успеавме многу добаро да ги контролираме емоциите.“
На прашањето на новинарите дали Наби Кеита ќе биде подготвена за финалниот натпревар, Клопп одговори:
„Не постои шанса Наби да игра. Опоравувањето напредува добро, но ќе треба да се види дали ќе може да се опорави за Купот на африканските нации. Се уште не се знае.“
Да се потсетиме, Наби Кеита беше повреден уште на 1 мај во првиот полуфинален натпревар против Барселона во Камп Ноу.
Претходно денеска Клоп потврди дека Роберто Фирмино ќе биде во конкуренција за составот, кои се, секако, охрабрувачки вести за сите навивачи на Ливерпул.
BREAKING: @LFC midfielder Naby Keita has been ruled out of the Champions League final against @SpursOfficial through injury.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 28, 2019



